乙肝表面抗体阳性什么意思| 皮炎用什么药| 药流用什么药| 落花生的落是什么意思| on是什么牌子| 九个口是什么字| 奶茶妹是什么意思| 黄花胶是什么鱼的胶| daogrs是什么牌子| 基围虾是什么虾| 夏天什么面料最凉快| 踮脚尖有什么好处| 刻薄什么意思| male是什么意思| 女命比肩代表什么| 膝关节积液吃什么药| 胰腺炎用什么药| 做什么生意挣钱| 捡漏什么意思| 尿酸高什么东西不能吃| 高血压吃什么降压药| 琼瑶是什么意思| 蜂蜜与什么食物相克| 下关沱茶属于什么茶| 痔疮瘙痒用什么药| 补铁吃什么| 一什么水缸| 肝喜欢什么食物| 丝状疣是什么| 1893年属什么| 健脾丸和归脾丸有什么区别| 腰疼是什么病的前兆| 什么是骨科| 什么布剪不断| 什么是ts| fl是胎儿的什么意思| 氯雷他定不能和什么药一起吃| 射精什么意思| 晒后修复用什么比较好| 为什么没人敢动景甜| 粒细胞是什么| gn什么意思| 已读不回是什么意思| 吃什么能增加免疫力| 尿素氮偏高是什么原因| 左肾囊性灶是什么意思| 头秃了一块是什么原因| af是什么意思| 月月红是什么花| 2007年是什么生肖| 睡不着吃什么| 高血脂是什么意思| 9月14号是什么星座| 两个方一个土读什么| 口疮吃什么药| 葡萄柚是什么水果| 正月二十是什么星座| 金庸原名叫什么| 性激素六项什么时候查最准确| 拔罐痒是什么原因| 身份证有x代表什么| petct是什么检查| 卵巢囊肿是什么原因引起的| 知我者莫若你什么意思| 张辽字什么| 为什么会尿床| c12是什么| 千岛酱是什么味道| 紊乱是什么意思| 小狗感冒了吃什么药| 男人血精是什么原因造成的| chris是什么意思| 请丧假需要什么证明| 生肖马和什么生肖相冲| 贝字旁的字和什么有关| 雨露均沾什么意思| 肠梗阻挂什么科| 从头再来什么意思| 示数是什么意思| 柿子不能和什么一起吃| 四大美女指什么生肖| 为什么一直想睡觉| 紫癜病是什么病| 阎王叫什么| 宫寒是什么意思| 母亲o型父亲b型孩子是什么血型| 前列腺炎用什么药| 长春新碱是什么药| 慢性咽炎有什么症状| 啷个是什么意思| 头晕恶心吃什么药| 舌头痛吃什么药好| 突然眩晕是什么原因| 止血芳酸又叫什么名| 舌苔又白又厚是什么原因| 舌裂是什么原因造成的| 颈部有肿块看什么科室| 谨记的意思是什么| 直爽是什么意思| 嗓子不舒服做什么检查| 甲状腺结节是什么引起的| 芳华是什么意思| 身份证最后一位代表什么| 肺门不大是什么意思| 戒烟吃什么药| 地指什么生肖| 什么充电宝可以带上飞机| 取环是什么意思| 筋膜是什么| 12点半是什么时辰| 紫外线过敏用什么药膏| 活性炭是什么东西| 脸上痣多是什么原因| 胎儿脐带绕颈是什么原因造成的| pdi是什么| 葵花宝典是什么意思| 家里为什么有蚂蚁| 梦见和死去的亲人吵架是什么意思| 五个手指头分别叫什么| 奥特莱斯是什么店| 善字五行属什么| 好女人的标准是什么| 心是什么| 毛是什么意思| 黄风怪是什么动物| 25属什么| 姜水什么时候喝最好| 什么蔬菜含维生素d| 什么都别说| 保妇康栓治疗什么妇科病| 卑劣是什么意思| 耳道湿疹用什么药| 梦见蛇和老鼠是什么意思| 洗衣机什么牌子最好| 老豆腐和嫩豆腐有什么区别| 吃什么能提高代谢| 火龙果是什么颜色| 990是什么意思| 什么零食热量低有利于减肥| 黄鼻涕吃什么药| hcg翻倍不好是什么原因造成的| 什么动物眼睛是红色的| dhc是什么| 糖醋里脊是什么菜系| 主动脉夹层a型是什么病| 同房有点痛什么原因| 趴在桌子上睡觉有什么坏处| 什么是soho| 黑鱼吃什么| 医院信息科是做什么| 为什么手抖| 左手小指和无名指发麻是什么原因| 帕金森吃什么药效果好| 剧透什么意思| 身上湿气重吃什么药| 熊喜欢吃什么食物| 谷子是什么意思| 非营运车辆是什么意思| 经常饿是什么原因| 三焦是什么| 压箱钱是什么意思| 什么是癔病| 身上痣多是什么原因| 小孩记忆力差什么原因| nmol是什么单位| 五月十三号是什么日子| 蓝色妖姬代表什么含义| 前列腺肥大吃什么药效果最好| 什么是1型和2型糖尿病| candies什么意思| 颈椎病有什么症状| 眼圈发黑什么原因| 什么体质容易长肿瘤| 什么龙| bp是什么的缩写| 跳跳糖为什么会跳| 家里有小蜘蛛预示什么| 孕期血糖高有什么症状| 束脚裤配什么鞋子| 取缔役什么意思| nbcs是什么意思| 西瓜什么时候成熟| 黑丝是什么| 肛裂擦什么药膏| 三色堇的花语是什么| 背包客是什么意思| 大理寺是什么机构| 生理性是什么意思| 绝交是什么意思| 梦见蛇追我是什么预兆| 不置可否什么意思| 益生菌和益生元有什么区别| 什么各异| 为什么叫中国| 小儿风寒感冒吃什么药| 毒龙是什么| 吃什么补维生素d| 闪回是什么意思| 结婚唱什么歌送给新人| 罗红霉素治什么病| 赵国是现在的什么地方| 优甲乐是治什么病的| 为什么蚊子咬了会起包| 骨折用什么药恢复快| 知见是什么意思| 怀孕初期什么症状| 吃什么油最健康排行榜| 逆生长是什么意思| 心源性哮喘首选什么药| 牙齿为什么会痛| 过期的啤酒能干什么| 红色加绿色是什么颜色| 梦见请别人吃饭是什么意思| 刺梨什么时候成熟| lol锤石什么时候出的| 火牙是什么原因引起的| 梦见手机屏幕摔碎了是什么意思| 扁平足是什么意思| 百什么百什么| 热淋是什么意思| 一个木一个寿念什么| 高压低是什么原因引起的| 气滞血瘀吃什么药| 肿瘤介入治疗是什么意思| 营业执照什么时候年审| 华语是什么语言| 醋泡花生米有什么功效| 血虚是什么原因造成的| 为什么会有流星雨| 铅中毒什么症状| std什么意思| 鹅蛋脸适合戴什么眼镜| 有什么别有病| 舒张压和收缩压是什么| 上市公司什么意思| 宫颈hsil是什么意思| 专科警校出来干什么| 孕妇吃什么对胎儿好| 天德是什么意思| 梦见别人家盖房子是什么意思| 花木兰代表什么生肖| 为什么会有生长纹| 巴旦木是什么| 痉挛什么意思| 红细胞偏高有什么危害| 肺部感染是什么症状| 内项和外项是什么| 什么品牌的书包质量好| 一泻千里是什么意思| 反流性食管炎吃什么食物好| 科学的尽头是什么| 一感冒就咳嗽是什么原因| 胃疼想吐是什么原因| 吃什么胸大| 停月经有什么症状| 龟公是什么意思| 小孩子眼睛眨得很频繁是什么原因| 看脚趾头挂什么科| 客之痣是什么意思| nba常规赛什么时候开始| 流鼻涕吃什么药最管用| 生抽可以用什么代替| 裸车是什么意思| 葡萄是什么意思| 百度Пре?ди на содржината

淤泥处置的“浙江经验”:3.5亿方淤泥有望变废为宝

Ова е избрана стати?а. Стиснете тука за пове?е информации.
Координати: 48°30′N 7°30′E / 48.500°N 7.500°E / 48.500; 7.500
Од Википеди?а — слободната енциклопеди?а
Алзас
Alsace / Elsa? / ’s Elsàss
Разни знаменитости на Алзас
Знаме на АлзасГрб на Алзас
Местоположба на Алзас
Зем?аФранци?а
РегионГолем Исток
ПрефектураСтразбур
Департмани
Површина[1]
 ? Вкупна8.280 км2 (3,200 ми2)
Население (2017)[2]
 ? Вкупно1.889.589
ДемонимАлзашки
ISO 3166FR-A
百度   “烈火-5”导弹是一种三级固体推进剂导弹,已经成功地进行了两次发射试验。

Алзас (француски: Alsace) или Елзас (алзашки: ’s Elsass; германски: Elsass/Elsa?; латински: Alsatia) — поранешен регион во Франци?а. Се нао?а на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Ра?на и се граничи со Германи?а и Шва?цари?а. На?важен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур ко? воедно е и главен и на?голем град на регионот. Биде??и то? град е седиште на десетици ме?ународни организации и тела, Алзас е политички еден од на?знача?ните региони во Европската Уни?а.

Траги на името ?Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи "ту?о царство".[3] Алтернативното об?аснува?е потекнува од германското Ell-sass, што значи ?сместено на Ил“,[4] река во Алзас. Регионот историски припа?ал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франци?а во тек на XVII век под власта на кралевите Лу? XIII и Лу? XIV како една од поранешните француски покраини. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како царска покраина Алзас-Лорена, 1871–1918) била оспорена во XIX и XX век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припа?ал последователно и на Франци?а и на Германи?а.

Иако историскиот ?азик на Алзас е алзашки, регионален германски ?азик, денес пове?ето Алзашани зборуваат француски, службениот ?азик на Франци?а. Околу 39% од возрасното население и веро?атно помалку од 10% деца, течно зборуваат алзашки, така што во денешен Алзас за голем дел од населението може да се каже дека е дво?азично.[5].

Географи?а

[уреди | уреди извор]

Топографи?а

[уреди | уреди извор]
Топографска мапа на Алзас

Алзас покрива површина[6] од 8.283 км2, или 1,5 % од површината на Франци?а со што е на?малиот од административните региони на континентална Франци?а. То? речиси четирипати е подолг од неговата широчина, со местоположба во долината ме?у Ра?на и планинскиот масив на Вогезите. Од 1815, се граничи на север со реката Лаутер, на исток со Ра?на, на ?уг со Шва?цари?а, на ?угозапад со регионот Франш Конте а на запад со Лорена. Поделен е на два департмана: Горна Ра?на и Долна Ра?на (порано познати како Сундгау и Нордгау). Во регионот има неколку долини а на?висока точка е Гран Балон во Горна Ра?на, ко? достига височина од 1426 m.

Алзашки виноград.

Алзас се одликува со планинска и полуконтинентална клима. Зимите се студени, летата се топли и има малку врнежи поради Вогезите кои го заштитуваат на запад. Градот Колмар has е вториот на?сув град во Франци?а, со годишни врнежи од само 550 mm, со што е идеален за производство на алзашкото вино. Додека на запад, на еден дел на планинскиот масив на Вогезите, се забележуваат и до 170 врнежливи денови годишно или разлика во 75 врнежливи денови на само 20 километри раздалеченост.

Во предримскиот период

[уреди | уреди извор]

Во текот на праистори?ата, Алзас главно бил населен со ловци кои биле номади. Трагите на на?старото население, камени оруди?а, биле прона?дени во Ашенха?м[7]) и истите датираат од времето на Палеолитот[7]. Првите населби се по?авиле во текот на Неолитот, откако во регионот се доселиле народи од исток [7].Од 1500 п.н.е. регионот почнал да станува посто?ано живеалиште на Келтите кои почнале да ?а обработуваат зем?ата и да се занимаваат со зем?оделство. Од V до I век п.н.е. Алзас бил поделен ме?у две келтски племи?а: Секвани на ?уг и Медиоматрики на север. Околу 72 п.н.е. германските народи составени во поголем дел од Свеви и Трибоки ?а преминале реката Ра?на и се населиле во Алзас кои според историчарот Август Ма?цен броеле ме?у 137,000 и 275,000 лу?е.

Во римскиот период

[уреди | уреди извор]
Битка ка? Ошсенфелд ме?у Цезар и Ариовист во 58 п.н.е

Во 58 п.н.е. Рим?аните го нападнале и го освоиле Алзас победува??и во Битката ка? Ошсенфелд[8]., една од познача?ните битки во тек на Галските во?ни кои ги водел Га? ?ули? Цезар за осво?ува?е на Гали?а. Во истори?ата е позната и како битка ка? Вогезите. По Битката ка? Ошсенфелд, после победата на Рим?аните, Алзас бил припоен кон Рим станува??и една од римските провинции во 27 п.н.е. Латинскиот ?азик прогресивно ги заменил келтските ?азици.

Алзас во тек на римскиот период станал центар на лозарството. За да ?а заштитат сво?ата богата индустри?а, Рим?аните изградиле тврдини и воени кампови кои подоцна се развиле во градови кои се населени оттогаш па до денес. Како дел на Римското Царство, Алзас бил дел на Горна Германи?а.

Во 12 п.н.е била основана римската тврдина Аргенторатум (од келтското: Аргентората) од каде подоцна се развил градот Стразбур.

Во 212 година сите слободни лу?е од регионот станале гра?ани на Рим благодарение на Антониновиот едикт.

Алзас под франкиска власт

[уреди | уреди извор]
Горна Германи?а под Римското Царство, околу 120 година

Од втората половина на IV век, голем бро? Германи, особено Алемани прогресивно ?а населувале територи?ата на римски Алзас. По падот на Римското Царство, Алзас станал територи?а на Алеманите. Алеманите главно се занимавале со зем?оделство а нивниот ?азик ?а оформил основата на денешниот алзашки ?азик. Хлодовик и Франките ги поразиле Алеманите во текот на V век а по победата ка? Толби?ак, Алзас станал дел од Кралството Австрази?а. За време на меровиншките кралеви, наследници на Хлодовик, населението во Алзас било христи?анизирано. Алзас останал под франкиска контрола сè додека кралството на Франките, после Стразбурските заклетви (Les serments de Strasbourg) од 842, не било формално и поделено со Верденскиот договор во 843; внуците на Карло Велики го поделиле кралството на три дела. Алзас бил дел од Средна Франки?а, со ко?а владеел на?младиот од внуците, кралот Лотар I. Лотар умрел во 855 а неговото кралство било поделено на три дела. Делот познат како Лотаринги?а, или Лорена, му припаднал на инот на Лотар. Останатото било поделено ме?у бра?ата на Лотар — Карло ?елавиот (крал на Западното франкиско кралство) и Лудвиг Германски (крал на Источното франкиско кралство). Кралството Лотаринги?а било со краток век. Регионот ко? подоцна ?е стане Алзас потпаднал под власта на Светото Римско Царство како дел од во?водството на Шваби?а со Мерсенскиот договор во 870.

Алзас како дел на Светото Римско Царство

[уреди | уреди извор]

Некаде во тоа време целиот регион почнал да се дели на бро?ни феудални секуларни и црковни господарства, ситуаци?а ко?а траела сè до XVII век и била вообичаен процес во царството. Алзас доживеал голем просперитет во тек на XII и XIII век за време на владее?е на царевите од династи?ата Хоенштауфен. Фридрих II назначил Епископ на Стразбур за да управува со Алзас, но власта на епископот била од страна на грофот Рудолф Хабсбуршки, на ко? му биле дадени права од страна на Конрад IV, синот на Фридрих II. Стразбур почнал да расте и станал на?населениот и трговско на?важниот град во регионот. Во 1262, после долга битка со епископите што биле на власт, Стразбур на?после го добил статусот слободен царски град. Градовите како Колмар и Хагенау исто така почнале да стануваат економски знача?ни и се стекнале со неко? вид на автономи?а во рамки на "Декаполата", федераци?а на десет слободни градови.

Мала Франци?а, Стразбур

Просперитетот на Алзас завршил во XIV век по низа сурови зими, лоши посеви и болести како црната смрт. За овие несре?и биле обвинети Евреите што пак довело до погромите во 1336 и 1339. Дополнителна природна катастрофа бил зем?отресот во Ра?нската долина во 1356, еден од поголемите во Европа ко? го срамнил со зем?а градот Базел. Просперитетот во Алзас се вратил под власта на Хабсбуршката династи?а за време на ренесансата.

Германската власт почнувала да опа?а во тек на следниот период поради походите на царството кон зем?ите на Итали?а отстапува??и ?а хегемони?ата во Европа на Франци?а. Франци?а започнала агресивно да се шири кон исток, на?прво кон реките Рона и Меза, и кога биле достигнати тие граници, целта била да стигнат до Ра?на но поради воените заложби околу потребите на Стогодишната во?на осво?ува?ата во то? правец биле одложувани. По завршува?е на во?ната, Франци?а повторно ги покажала своите претензии да стигне до Ра?на и затоа, во 1444 француската во?ска се по?авила во Лорен и Алзас. Побарале предава?е на Мец и Стразбур и извршиле напади на Базел.

Во 1469, после договорот од Сент-Омер, Зигизмунд, во?вода на Австри?а, му го продал Горен Алзас на Карло Бургундски. Иако Карло владеел со областа, даноците биле испла?ани на Фридрих III. Ово? искористува??и ги даноците а воедно и со помош на еден брак во рамки на династи?ата успеал да добие предност и да си ?а поврати контролата врз Горен Алзас (освен слободните градови) во 1477 кога регионот потпаднал под власта на семе?ството Хабсбург.

За време на Протестантската реформа во XVI век, Стразбур бил напредна заедница а неговите жители ?а прифатиле протестантската религи?а во 1523.

Под власта на Франци?а

[уреди | уреди извор]

Триесетгодишната во?на од 1618-1648 длабоко го погодила регионот. Алзас бил жртва на посто?ани грабежи и масакри а многу од градовите биле запалени. Настапил период на глад и чума. Населението од градовите и од селата бегало во околните планини и шумите на Вогезите. Економи?ата била целосно опустошена. Само Милузката република била поштедена благодарение на не?зиниот статус на град-држава. Републиката масовно ги прифа?ала алзашките бегалци во многу поголем бро? од оно? на жителите на самата република а се проценува дека со во?ната 60% од населението загинало.

Во 1648 со Вестфалската спогодба, поголемиот дел на Алзас потпаднал под власта на Франци?а со исклучок на неколку града кои ?а задржале сво?ата независност а подоцна, поради десеткуваната популаци?а дошле голем бро? имигранти од Шва?цари?а, Австри?а и другите соседни држави.

Сепак, Алзас имал посебна позици?а во Кралството на Франци?а. Германскиот ?азик сè уште се користел во локалните заедници, училиштата а на германскиот (лутерански) Универзитет на Стразбур учеле и се запишувале студенти од Германи?а. Едиктот од Фонтенбло, со ко? се легализирала супреси?ата на француското протестантство, не бил применуван во Алзас. За разлика од останатиот дел на Франци?а, имало извесна религиозна толеранци?а, иако француските власти посто?ано се обидувале да го наметнат католицизмот а лутеранската катедрала во Стразбур морала да им биде предадена на католиците во 1681. Долж Вогезите постоела граница со остатокот на Франци?а додека таква граница немало кон Германи?а. Поради овие причини Алзас останал обележан со доминантна германска култура и сè до Француската револуци?а пове?е економски ориентиран кон Германи?а.

Во тек на Француската револуци?а

[уреди | уреди извор]

Во 1789 започнала Француската револуци?а и со неа настапила првата административна поделба кога Алзас бил поделен на два департмана Горна и Долна Ра?на. Алзашаните одиграле знача?на улога во тек на Француската револуци?а. На [21 ?ули] 1789 година, по добива?е на веста за падот на Бастил?а во Париз, толпа лу?е ?а урнале стразбуршката градска тврдина и ги натерале градските власти да го напуштат градот со што симболично бил ставен кра? на феудалниот систем во Алзас. Во 1792, Руже де Лисл во Стразбур го искомпонирал револуционерниот марш "Марсе?еза", ко? подоцна станал химна на Франци?а. Некои од на?познатите генерали на Француската револуци?а исто така потекнувале од Алзас, особено Келерман, победникот ка? Валми, и Клебер, ко? ?а предводел француската арми?а при востанието во Венде. Под Наполеон Бонапарт, во 1814 и 1815, Алзас бил окупиран со странски сили, вклучително 280,000 во?ници и 90,000 ко?и само во Долна Ра?на. Ова имало тешки последици по тргови?ата и економи?ата на регионот. Згора на тоа нови трговски патишта биле отворани преку пристаништата на Средоземното Море и Атлантикот со што регионот лесно бил заобиколен.

Популаци?ата била во брз пораст, од 800,000 во 1814 до 914,000 во 1830 и 1,067,000 во 1846. Комбинаци?ата на економските и демографските фактори довело до нова криза, глад, сиромашти?а и недостаток од работа за младите лу?е. Оттука, многу лу?е почнале да го напуштаат Алзас упатува??и се не само кон париз – каде алзашката заедница знача?но се зголемила во бро?ка, со некои славни не?зини членови како на пример баронот Осман – туку воедно и на многу подалечни места како Руси?а и Австриското Царство во бара?е нови можности кои ги нуделе овие места: Австри?а освоила територии во Источна Европа кои порано биле дел на Отоманското Царство и нудела одлични можности за новите доселеници како начин да се консолидира на новите територии. Многу Алзашани во то? период од 1820-1850 емигрирале и во Соединетите држави.[9]

Алзашанка во XIX век.

Ме?у Франци?а и Германи?а

[уреди | уреди извор]
Потпишува?е на Договорот од 1919 во Стаклената галери?а (Верса?).

Франци?а испровоцирана со Емската телеграма влегла во во?на со Пруси?а (Пруско-француска во?на (1870–71)), и била поразена од Кралството Пруси?а и другите германски држави. Исходот на во?ната довел до обединува?е на Германи?а. Ото фон Бизмарк ги припоил Алзас и северниот дел на Лорена кон новото Германско Царство во 1871;[10] за разлика од другите држави-членки на германската федераци?а, кои си имале свои сопствени влади, новата царска територи?а Алзас-Лорена била единствено под власта на ка?зерот, односно царот, управувана директно од царската власт во Берлин. Од 100,000 до 130,000 Алзашани (од вкупното население кое изнесувало милион и пол жители) одбрале да останат француски гра?ани и да го напуштат Ра?хсланд Елзас-Лотринген. Дури во 1911, Алзас-Лорен стекнал извесна автономи?а, добил сво? грб и знаме.

Во тек на Првата светска во?на, за да ги избегнат братоубиствените крвопролева?а, многу Алзашани се при?авиле во царската морнарица а потоа зеле и учество во бродските побуни кои довеле до абдикци?а на ка?зерот во ноември 1918, со што Алзас-Лорен останал без управа на царот. Самопрогласената република на Алзас-Лорен об?авила сво?а независност. Сепак, две недели подоцна, по потпишува?ето на примир?ето на 11 ноември 1918, француската во?ска влегла во Алзас за да ги задуши немирите на штра?кувачите во Алзас и да ги отстрани од власт самопрогласените револуционери. Многу Алзашани го поздравиле навлегува?ето на француските трупи во Алзас [11] Алзашаните од страна на француската ?авност биле сметани за француски бра?а кои се ослободиле од германска власт. Германи?а формлно го отстапила регионот на Франци?а со Верса?скиот договор.

Регионот потоа во 1940 повторно бил припоен за Германи?а, за време на Втората светска во?на и инкорпориран во рамки на Големиот Германски Ра?х. Алзас бил припоен со Баден, а Лорена со Сар, за да стане дел од планираниот Вестмарк. Во тек на во?ната, 130,000 млади лу?е од Алзас и Лорена принудно биле вклучувани во германската во?ска, а во некои случаи и во рамки на силите Вафен SS.[12]

Политика

[уреди | уреди извор]

Алзас е еден од на?конзервативните региони на Франци?а. То? е еден од двата региона во континентална Франци?а каде конзервативната десница победи на регионалните избори од 2004 и со тоа ?а освои власта во Регионалниот Совет на Алзас. Водачот на десницата и актуелен претседател на Франци?а, Никола Саркози сво?от на?добар резултат го освои во Алзас (над 65%) во вториот круг на француските претседателски избори од 2007. Претседател на регионалното собрание е Филип Ришер, член на парти?ата Уни?а за народно движе?е, избран на локалните избори во 2010. Често менуваниот политички статус на регионот оставил трага во модерната политика особено околу праша?ата поврзани со националниот идентитет.

Алзас исто така е и на?голем поддржувач на Европската Уни?а од сите останати региони на Франци?а. То? бил еден од неколкуте региони кои со 'да' гласале за Европскиот устав во 2005.

Кратка политичка хронологи?а

[уреди | уреди извор]
Припоениот Алзас кон нацистичка Германи?а.
  • ~90 : Алемански Алзас
    Алзас бил дел од римската провинци?а Горна Германи?а
  • 535 : Франкиски Алзас
    Хлотар припоил кон своето кралство голем дел од Алемани?а, ме?у што и Алзас.
  • 843 : Германски Алзас
    Под Каролиншкото Царство, Франки?а била поделена на три дела (види Верденски договор). Алзас потпаднал во Средна Франки?а, Лотаринги?а што ?е биде дел на германското Свето Римско Царство.
  • 1648 : Француски Алзас
    Со Вестфалската мировна спогодба во 1648, голем дел на Алзас станал француски. Стразбур му се предал на Лу? XIV во 1681.
  • 1871 : Германски Алзас
    Победена, Франци?а го отстапила Алзас на Германското Царство.
  • 1919 : Француски Алзас
    Алзас повторно станал француски со Верса?скиот договор.
  • 1940 : Германски Алзас
    По поразот на Франци?а, Третиот Ра?х си го припоил Алзас кон своите територии.
  • 1944 : Француски Алзас
    Алзас се ослободил од нацистичката власт.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Алзас административно е поделен на 2 департмана, 13 департмански окрузи, 75 кантони и 904 општини:


Департман Долна Ра?на
(Бро? на општини во заграда)


Департман Горна Ра?на
(Бро? на општини во заграда)


Демографи?а

[уреди | уреди извор]

Населението во Алзас во 2008 достигнало до 1.836.000. Со тек на времето бро?от на житело редовно се зголемувало, освен за време на во?ните, како со природен прираст така и преку миграци?а. Ово? растеж пове?е се забрзал кон кра?от на XX век. INSEE проценува дека популаци?ата ?е порасне од 12,9% до 19,5% ме?у 1999 и 2030.

Со густина од 222 жители/км2, Алзас е трет на?густо населен регион во континентална Франци?а.

Година Популаци?а на 1 ?ануари
Округ
Долна Ра?на
Округ
Горна Ра?на
Вкупно во Алзас
1801 450 238 303 773 754 011
1851 608 000 437 000 1 045.069
1901 659 432 495 209 1 154.641
1936 711 830 507 551 1 219.381
1946 673 281 471 705 1 144.986
1968 827 000 585 000 1 412.385
1982 915 676 650 372 1 566.048
1990 952 158 670 652 1 622.810
1999 1 025.033 707 555 1 732.588
2006 740 000 (estimés) 1 817.000
Година Округ
Долна Ра?на
Округ
Горна Ра?на
Вкупно во Алзас

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Bugatti Veyron 16.4 од алзашкиот конструктор Бугати, возило од сери?ата на?скапи и на?брзи автомобили на светот.

Согласно Националниот институт за статистика и економски студии (Institut National de la Statistique et des études économiques (INSEE)), бруто-домашниот производ на Алзас изнесувал 44.3  мили?арди евра во 2002. Со БДП по глава на жител од €24.804, то? бил втор на?развиен регион на Франци?а, веднаш зад Ил де Франс. 68% од работните места се во услужната де?ност, а 25% во индустри?ата.

Алзас е регион на разновидни стопански гранки, вклучително:

Сообра?а?

[уреди | уреди извор]

Копнена мрежа

[уреди | уреди извор]
Трамва?от во Милуз пред кулата Болверк.

Сообра?а?от во Алзас е доста добро развиен со оглед на густината на населението. Главниот железнички транспорт е на лини?ата север-?уг ко?а ги поврзува Стразбур и Сен-Лу?. Главниот автопат е автопатот А35 ко? ги поврзува Лотербур и Сен-Лу? преку Стразбур, Селестат и Колмар. Регионот со Париз е поврзан со железничката источноевропска лини?а за супер брзите возови (TGV) пуштена во употреба од 10 ?уни 2007. Оваа лини?а го поврзува Париз со Стразбур. Во градовите (Стразбур, Колмар, Милуз) мошне развиен е автобускиот и трамва?скиот сообра?а?.

Речна мрежа

[уреди | уреди извор]

Размената на стоки на пристаништата во Алзас изнесува над 15 милиони тони, од што две третини припа?а на Стразбур, кое е второ по големина речно пристаниште во Франци?а.

Речен сообра?а? на Ил во Стразбур, квартот Мала Франци?а.

Воздушна мрежа

[уреди | уреди извор]

Во Алзас има два ме?ународни аеродрома. Ме?ународниот аеродром Базел-Милуз-Фра?бург е единствениот совршено бинационален аеродром на светот. Авионските компании нудат пове?е од 60 одредишта директни летови. Инфраструктурата е наменета за прифа?а?е од 6 до 8 милиони патници. На аеродромот се присутни 58 компании.

Другиот аеродром е ме?ународниот аеродром Стразбур-Енца?м управуван од страна на Стопанската и индустриска комора на Стразбур и Долна Ра?на.

Поради тоа што уште во минатото бил густо населен, Алзас е познат по неговите убави села, цркви и замоци и другите убавини на неговите поголеми градови Стразбур, Колмар, Селеста, Гебвилер, Саверн, Оберне иако истите посто?ано биле рушени во тек на петте века во?ни ме?у Франци?а и Германи?а. Алзас исто така е познат и по неговите виногради (посебно долж 170 км на Патот на вината на Алзас од Марленха?м до Тан) и Вогезите познати по убавите зелени шуми и прекрасни езера.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Замокот Високиот Кенингзбург

Замокот се нао?а во општината Оршвилер на височина од 757 метри издигнува??и се врз долината на Алзас наспроти Селеста. Замокот та?но бил изграден од страна на Фридрих Хохенштауфен и во пове?е наврати уништуван. Бил реконструиран од 1901 до 1908 по наредба и вкус на царот Вилхелм II. То? е еден од на?посетуваните средновековни замоци во Франци?а од страна на туристите.

Стразбуршката римокатоличка катедрала е изградена во готски стил. Градбата на катедралата започнала во 1176 а завршила во 1439. Висока е 142 метри и во периодот од 1625 до 1847 била на?високото здание на светот. Денес таа е втората на?висока катедрала во Франци?а веднаш зад онаа во Руан (висока 151 метар). Во неа се нао?а астрономскиот часовник конструиран во XVI век ко? порано се сметал за едно од ? седумте чуда на Германи?а ?.

Ридот е дел од Вогезите и се издига на височина од 764 метри и се нао?а во општината Отрот. На врвот постои манастир посветен на римокатоличката светица Света Одил, света заштитничка на Алзас. Манастирот бил создаден околу 700 година кога таткото на Света Одил го оставил сво?от замок во наследство на ?ерка си ко?а го претворила во манастир.

Паганскиот ?ид

[уреди | уреди извор]
Мистериозниот пагански ?ид.

Паганскиот ?ид, наречен така од страна на папата Лав IX поради претпоставката дека бил изграден пред Христа, впрочем претставува три мегалитски целини оддалечени една од друга неколку километри:

  • Паганскиот ?ид на ридот Сент-Одил ко? се протега на десеттина километри околу ридот, со ?идови дебели од 1,60 до 1,80 метри и височина некаде и до 3 метри.
  • Паганскиот ?ид околу замокот Франкенбург ко? е сличен со оно? ка? ридот Сент-Одил и го опкружува замокот од сите страни освен на источната. Дебелината на ?идот е 1,80 метри а височината е од 0,50 до 0,70 метри.
  • Паганскиот ?ид на падината на Теншел

Различен од останатите два ?ида, ово? се протега на сртот на планината во правец ?угоисток/северозапад во должина од околу 2,5 километри. Изграден е од каме?а поставени едни врз други без траги од кал или малтер. ?идот е висок околу 1.80 метри а дебелината на теметот изнесува околу 1.70 метри. Сè уште не се знае потеклото на ?идот и то? е предмет на разни контроверзи и извор на фантазии. Приказните околу потеклото на ?идот пове?е наликуваат на приказни и легенди отколку на неоспорни историски факти.

Други знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • 'Град на автомобилот'
Peugeot Vis-a-vis Type 26

Град на автомобилот (колекци?а на бра?а Шламф) во Милуз, е на?големиот музе? на автомобили на светот[14], со 500 возила од кои 464 автомобили од 98 марки, ме?у кои и славната колекци?а на Фриц Шламф – на?големата светска колекци?а на Бугати. Во 1989, музе?от бил наречен ? Државен музе? на автомобилот — Колекци?а Шламф ?. Во 2006 музе?от бил реконструиран, проширен, обновен и бил наречен Град на автомобилот (Cité de l'Automobile).

  • Град на возот

Град на возот во Милуз воедно наречен и Француски музе? на железницата (Musée fran?ais du chemin de fer) е на?големиот железнички музе? во Европа[15]. То? содржи глобална колекци?а за истори?ата на француската железница на површина од околу 15.000 м2 со пове?е од стотина возила и ил?адници предмети поврзани со железницата.

  • Електрополис

Тоа е на?големиот музе? во Европа посветен на електричната енерги?а. Музе?от бил отворен во Милуз во 1987 со изложбен простор од 4000 м2. Музе?от ги опфа?а сите аспекти на електричната енерги?а, од историски до научен,[16].

  • Екомузе? на Алзас

Екомузе?от на Алзас е музе? за валоризаци?а на обичаите, ракотворбите и народните традиции на Алзас и е на?големиот музе? на отворено во Франци?а [17]. Претставува традиционално алзашко село со 70 автентични алзашки градби, ку?и, мелница, црква и други об?екти каде се претставени традиционалните занаети од страна на глумци облечени во народни алзашки носии.

Алзас историски бил дел на Светото Римско Царство. Од XVII век, посто?ано преминувал од власт под Франци?а во власт под Германи?а што придонело да се разви?ат негови посебни културни обележ?а за разлика од другите региони на Франци?а. Во традици?ата останале присутни германските траги, како на пример во алзашката ку?на и архитектура, додека современите институции целосно се под доминаци?а на француската култура.

Алзашки штрк

Штркот како симбол на Алзас

[уреди | уреди извор]

Штркот е еден од главните симболи на Алзас и е предмет на многу приказни и легенди. Птицата речиси исчезнала во тек на 70-тите години на XX век но биле направени големи напори за истата да се зачува и да остане присутна во регионот. Штрковите на?често се сре?аваат на крововите на ку?ите, црквите и ?авните згради во Алзас. Лу?ето се грижат за зачувува?е на ово? симбол и честопати самите им ги адаптираат или обновуваат нивните гнезда.

Според една студи?а[18] направена во 1970-80, во Алзас се зборувале стотина ди?алекти од кои поголемиот дел припа?але на алеманскиот. Сепак, иако германските ди?алекти се зборувале во Алзас во тек на поголемиот дел од истори?ата, денес доминантен ?азик во Алзас е францускиот.

Традиционалниот ?азик на регионот е алзашкиот, алемански ди?алект на горногерманските ?азици а со тоа и тесно поврзан со шва?царско-германскиот. Некои франкиски ди?алекти на централнозападна Германи?а се исто така зборувани на кра?ниот север на Алзас. Ниту алзашкиот ниту пак франкискиот ди?алект немаат офици?ален статус на регионални ?азици во Франци?а, иако и двата се признати како ?азици на Франци?а и можат да бидат избирани како наставен предмет во гимнази?а.

Иако Алзас неколкупати бил припо?уван во минатото кон Франци?а, сепак то? неколку векови немал директна поврзаност со неа. Од кра?от на Римското Царство (V век) па сè до припо?ува?ето кон Франци?а (XVII век), Алзас политички и културно бил дел од германскиот свет. Германскиот ?азик на?прво бил прифатен во градовите во Алзас, како нивен службен ?азик во замена на латинскиот за време на Лутеранската реформа. Во Стразбур литургиите се држеле на германски а исто така то? бил и град во ко? била об?авена првата германска Библи?а во 1466.

По припо?ува?ето на Алзас кон Франци?а во XVII век и поради ?азичната политика на Француската револуци?а сè до 1870, во Алзас пораснал бро?от на лу?е кои зборувале француски. Со образовните реформи во XIX век, средната класа почнала сè подобро да го владее францускиот ?азик. Сепак, и после сите тие напори, сепак голем бро? лу?е продолжиле да ги зборуваат нивните германски ди?алекти и да пишуваат на германски.

Алзашкиот ?азик, заедно со другите регионални ?азици, бил признат од страна на француската Влада во офици?алниот список на ?азиците на Франци?а. Истражува?ето на INSEE спроведено во 1999 покажало дека 548,000 возрасни лу?е во Франци?а зборуваат алзашки ?азик со што ово? ?азик е на второ место по примена во (после окситанскиот).

  • Споредбена табела на алзашкиот ?азик во однос на францускиот и други германски ?азици
француски германски алзашки холандски англиски
terre Erde arde aarde earth
ciel Himmel hemmel hemel heaven, sky
eau Wasser wàsser water water
feu Feuer fiir vuur fire
homme Mann mànn man man
femme Frau frài/frau vrouw woman
manger essen assa eten eat (to)
boire trinken trenga/trenke drinken drink (to)
grand gro? groos groot great
petit klein klain/glen klein little, small
gros/gras dick/fett déck/fat dik/vet thick/fat
nuit Nacht nààcht nacht night
jour Tag d?i/dag dag day
aujourd'hui heute hit/héta vandaag/heden today
hier gestern gecht gisteren yesterday
demain morgen morn morgen tomorrow
matin Morgen morjia/morga morgen morning
midi Mittag médeu/médag middag noon, midday
soir Abend oowe/ova avond evening
être sein (du bist) sén (du béch) zijn be (to)
avoir haben hove/hàn hebben have (to)
ceci/cela dies/das dess/tsal dit/dat this/that
oui ja ja yes
non nein nee/naij nee no

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Ку?ата Камерцел (XV век) ко?а се нао?а во Стразбур е една од на?знача?ните градби со столбови на градот.

Традиционалната архитектура на Алзас се ку?и изградени од дрво и кал врамени со надворешни столбови истакнати на фасадата. Крововите се од плоснати рамни ?ерамиди во форма на ’’дабаров опаш’’. Ваквиот тип ку?и со надворешни дрвени столбови се сре?аваат и во Норманди?а но сепак на?многу ги има во Алзас и тоа поради неколку причини:

Ку?а со столбови.
  • близината на Вогезите овозможила поевтина дрвена гра?а;
  • како заштита од зем?отреси, дрвото е посоодветен матери?ал од каменот биде??и е полесно и пофлексибилно;
  • поради честите во?ни и инвазии каде цели градови биле палени населението стекнало навика само долниот кат да го гради од камен додека другите спратови биле од дрво кое поради близината на шумите било и на?достапен тип на градежен матери?ал а со тоа и лесно заменлив.

Ку?ите во Алзас почнале полека да бидат покривани со малтер од XIX век, за да се намали ризикот од пожар. Тие почнале да ги малтерисуваат систематски во втората половина на минатиот век, и тоа во на?различни ни?анси.

Гастрономи?а

[уреди | уреди извор]
Flammekueche

Алзашката ку?на, силно се заснова на германските кулинарски традиции и особено се одликува со употреба на свинско месо во на?различни форми. Традиционални ?аде?а на Алзас се:

  • Бекоф (baeckeoffe), вид ?аде?е приготвено од компир и свинско месо
  • Фламкухе (flammekueche), вид солено и благо печиво приготвено со сире?е, шунка или со овош?е
  • Шукрут (choucroute), познат алзашки рецепт приготвен со кисела зелка и месо (сушено свинско месо, колбаси, сланина, па дури и со риба)
  • Фле?шнака (fleischnacka), вид ?аде?е од месо со зачини.

Во ?ужниот дел на Алзас, наречен воедно и Сунгау, карактеристично ?аде?е е и пржениот крап.

За време на празниците, се прават разноразни бисквити и ситни колачи наречени бредала а воедно и зачинетото лепче (gingerbread), особено од Гертвилер, кое им се дели на децата за време на празникот Свети Никола.

Поголемиот дел од алзашкото население се римокатолици но постои и знача?на заедница на протестанти како резултат на тоа што регионот долго време бил под вли?ани?а на германската култура. Во Алзас постоела и голема евре?ска заедница но поголем дел од Евреите се иселиле од Алзас и емигрирале во Америка уште во времето на Наполеон. Во 1707, со процесот наречен симултанеум, на доста реформистички и лутерански цркви им било наложено да дозволуваат католички услуги. Денес во Алзас сè уште посто?ат околу 50-тина такви симултани цркви коишто повремено се отстапуваат во служба на католичката религи?а.

Лу?е од Алзас

[уреди | уреди извор]

Збратимени покраини

[уреди | уреди извор]

Има договор за ме?ународна соработка ме?у Алзар и долуспоменатите региони:[19]

  1. ?La géographie de l'Alsace“. region.alsace. Архивирано од изворникот на 2025-08-05. Посетено на 13 January 2016.
  2. ?Populations légales 2017“. INSEE. Посетено на 2 January 2020.
  3. Bostock, John Knight; Kenneth Charles King, D. R. McLintock (1976). Kenneth Charles King, D. R. McLintock (уред.). A Handbook on Old High German Literature (2. изд.). Oxford: Clarendon Press. стр. 20. ISBN 0198153929. Укажано пове?е од еден |author= и |last= (help); Укажано пове?е од еден |pages= и |page= (help)
  4. Roland Kaltenbach: Le guide de l’Alsace, La Manufacture 1992, ISBN 2-7377-0308-5, стр. 36
  5. [1] "L'alsacien, deuxième langue régionale de France" Insee, Chiffres pour l'Alsace no. 12 декември 2002
  6. INSEE - Subdivisions, superficie et population des régions et départements de France et d'outre-mer
  7. 7,0 7,1 7,2 "Alsace", Jean Isenmann et Hervé Lévy, Editions Déclic.
  8. César, La Guerre des Gaules
  9. ?Ship Passenger Lists: Immigrants from Alsace to America 1820-1850“. Архивирано од изворникот на 2025-08-05. Посетено на 2025-08-05.
  10. Впрочем, Франци?а отстапила 9/10 од Алзас и ? од Лорена како што било припишано со Франкфуртската спогодба.
  11. Have a look at this archive video Архивирано на 13 ?ули 2019 г..
  12. Stéphane Courtois, Mark Kramer. Livre noir du Communisme: crimes, terreur, répression. Harvard University Press, 1999. стр. 323. ISBN 0-674-07608-7
  13. Белешка: Општината Стразбур не припа?а на округот Стразбур-Кампа?.
  14. Musée national de l'automobile Située à Mulhouse en Alsace, la Cité de l’automobile - Musée national - Collection Schlumpf - est le plus grand musée automobile du monde.
  15. La cité du train Située à Mulhouse en Alsace, la Cité du Train est le plus grand musée européen du chemin de fer.
  16. ?Mulhouseum - Université de Haute-Alsace - Le Musée EDF Electropolis, le spectaculaire et la rigueur scientifique“. Архивирано од изворникот на 2025-08-05. Посетено на 2025-08-05.
  17. ?Ecomusee-alsace.fr - L'écomusée d'Alsace en quelques mots“. Архивирано од изворникот на 2025-08-05. Посетено на 2025-08-05.
  18. archives de l'INA, Vous_avez_dit_Alsacien
  19. Les Accords de coopération entre l’Alsace et... Архивирано на 9 март 2009 г. (француски)

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • Assall, Paul. Juden im Elsass. Zürich: Rio Verlag. ISBN 3-907668-00-6
  • Das Elsass: Ein literarischer Reisebegleiter. Frankfurt a. M.: Insel Verlag, 2001. ISBN 3-458-34446-2
  • Erbe, Michael (Hrsg.) Das Elsass: Historische Landschaft im Wandel der Zeiten. Stuttgart: Kohlhammer, 2002. ISBN 3-17-015771-X
  • Faber, Gustav. Elsass. München: Artemis-Cicerone Kunst- und Reiseführer, 1989.
  • Fischer, Christopher J. Alsace to the Alsatians? Visions and Divisions of Alsatian Regionalism, 1870–1939 (Berghahn Books, 2010); ; 235 pages;
  • Gerson, Daniel. Die Kehrseite der Emanzipation in Frankreich: Judenfeindschaft im Elsass 1778 bis 1848. Essen: Klartext, 2006. ISBN 3-89861-408-5
  • Haeberlin, Marc. Elsass, meine gro?e Liebe. Orselina, La Tavola 2004. ISBN 3-909909-08-6
    ? Rezension Архивирано на 27 септември 2011 г. über das ?Schlaraffenland“ Elsass
  • Herden, Ralf Bernd. Stra?burg Belagerung 1870. Norderstedt: BoD, 2007, ISBN 978-3-8334-5147-8
  • Mehling, Marianne (Hrsg.) Knaurs Kulturführer in Farbe Elsa?. München: Droemer Knaur, 1984.
  • Putnam, Ruth. Alsace and Lorraine: From C?sar to Kaiser, 58 B.C.-1871 A.D. New York: 1915.
  • Schreiber, Hermann. Das Elsa? und seine Geschichte, eine Kulturlandschaft im Spannungsfeld zweier V?lker. Augsburg: Weltbild, 1996.
  • Schwengler, Bernard. Le Syndrome Alsacien: d'Letschte? Strasbourg: éditions Oberlin, 1989. ISBN 2-85369-096-2
  • Ungerer, Tomi. Elsass. Das offene Herz Europas. Stra?burg: édition La Nuée Bleue, 2004. ISBN 2-7165-0618-3
  • Ungerer, Tomi, Danièle Brison, and Tony Schneider. Die els?ssische Küche. 60 Rezepte aus der Weinstube L'Arsenal. Stra?burg: édition DNA, 1994. ISBN 2-7165-0341-9
  • Vogler, Bernard and Hermann Lersch. Das Elsass. Morstadt: éditions Ouest-France, 2000. ISBN 3-88571-260-1

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

48°30′N 7°30′E? / ?48.500°N 7.500°E? / 48.500; 7.500


Стати?ата ?Алзас“ е избрана стати?а. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана стати?а (останати избрани статии).
经常不吃晚饭对身体有什么影响 7.13是什么日子 去脂肪粒最有效的药膏叫什么 处女膜是什么颜色 风什么意思
子宫肌瘤有什么症状 刺身什么意思 t2是什么意思 半胱氨酸是什么 12月10号什么星座
干贝是什么东西 喉咙上火吃什么药 53年属什么生肖 孩子贫血吃什么补血最快 阴道细菌感染用什么药
肌张力障碍是什么病 万宝龙皮带算什么档次 麻油是什么 照烧是什么意思 骑马挥杆是什么牌子
肝实质回声密集是什么意思1949doufunao.com nlp是什么意思hcv7jop6ns4r.cn 狗鼻子干是什么原因cj623037.com 铁路12306什么时候放票hcv8jop8ns8r.cn 上技校学什么专业好hcv9jop3ns5r.cn
淋病吃什么药hcv8jop5ns1r.cn 六个点是什么意思hcv8jop9ns2r.cn 口苦是什么病hcv9jop5ns4r.cn 封闭针是什么hcv8jop8ns6r.cn 什么牌子的充电宝好zhongyiyatai.com
碳酸氢钠有什么作用hcv7jop6ns5r.cn 五角硬币是什么材质kuyehao.com rr是什么意思hcv7jop4ns8r.cn 寂灭是什么意思hcv8jop4ns8r.cn 阴性和阳性是什么意思hcv8jop5ns0r.cn
看乳腺结节挂什么科gangsutong.com 拉黄尿是什么原因hcv9jop0ns4r.cn 拜金女是什么意思hcv9jop4ns9r.cn 什么水果最老实hcv9jop0ns7r.cn 狻猊是什么hcv9jop4ns5r.cn
百度